Студентите сместени во „Стив Наумов“ (прва зграда) во Скопје повторно се соочуваат со истите проблеми како и во минатото – недостаток на топла вода и парно греење.
Студентите сместени во првата зграда во студентскиот дом денеска ќе организираат мирен протест пред домот од 18 часот, со цел да го изразат своето незадоволство од условите во кои живеат.
„Две седмици немаме топла вода ни парно греење. Ги известуваме надлежните и секој ден со ист изговор дека се решава проблемот. Надвор цела седмица дворот е ископан за цевките за парното, ама никој не работи на нив. Ладно е, не се издржува“, ни изјави Ивана Ѓоргиева, едена од студентките сместени во првата зграда.
Се обидовме да стапиме во контакт со надлежните луѓе од Државен студентски центар, но не добивме никаков одговор. Иако, како што ни кажаа студентите, им ветиле брзо решавање на проблемот.