Главната медицинска сестра од Инфективна: Веќе седум месеци носам заштитна маска, носете и вие!

by Fokus

Зорица Љубичиќ, главната медицинска сестра од Инфективната клиника во Скопје, порача на јавноста да ги почитува мерките на владата за заштита од корона вирусот.

Таа се заблагодари и на помошта од сите колеги и апелираше дека секој човечки живот е важен.

„Заштитната маска, веќе седми месец ми е составен дел од облеката, но и од начинот на секојдневно функционирање. Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен“, додаде таа.

Поврзани новости