234
Бугарија нема да ги репреговара условите од договорот со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот технички премиер Димитар Главчев.
-Нема за што да се преговара. Ние го имаме ставот на Бугарија. Тие велат дека нема да преговараат со техничка влада, но јас би рекол дека од наша страна нема волја за преговори, бидејќи нема за што да преговараме. Има заедничка европска позиција. Да преговараат со Европската Унија.
На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не се придржува кон преземените обврски, поради што истото го посочи и премиерот на Грција, дека Република Северна Македонија не го почитува Преспанскиот договор, така што нашата позиција ја изнесовме на највисоко можно ниво – рече Главчев.