Кандидатот на СДСМ, Ферат Асан и кандидатот на ДОМ/ЛДП, Курто Дудуш одат во вториот круг за градоначалник на општина Шуто Оризари. По сто отсто преброени гласови, Асан освои 3.280 гласови, а Дудуш освои 2.246.
На трето место со 1.374 освоени гласови или 15 отсто е кандидатот на Левица, Тефик Махмут. Се очекува победникот во вториот круг да го одлучат токму гласовите на Левица.
Ако се има предвид дека главната цел на Левица е рушење на СДСМ, поголеми се шансите Махмут да ги повика своите гласачи (јавно или не) да гласаат за кандидатот на ДОМ/ЛДП, Курто Дудуш.
Што се однесува до Советот, најмногу гласови освои ДОМ/ЛДП – 1.629, а СДСМ освои само 19 гласови помалку. ДУИ за Советот освои 1.434 гласови. Доколку профункционира коалицијата СДСМ-ДУИ, Асан може да се надева на дел од овие гласови.
Инаку, Дудуш е актуелен градоначалник на Шуто Оризари, кој на минатите избори беше кандидат на СДСМ. Откако за овие избори, партијата одлучи да го кандидира Ферат Асан, тој одлучи да настапи како кандидат на ДОМ/ЛДП.
К.С.Б.