„Ако наставата е едно големо патување, трагање и себе наоѓање, ако сме рекле не за сите закони во образовниот систем, кои не можат да го измерат тоа патување, ако знаеме дека екстерните тестови се знак на ограничување на еден бескрај, тогаш зошто казни и зошто награди“? Со вакво прашање денеска излегоа од Наставничкиот пленум, кои не се соогласуваат во делот со екстерното тестира
– Ниту казните имаат смисла, нити наградите имаат тежина. Се совпаднале или не оцените на наставникот со тие од екстерниот тест, во однос на сите други стратегии за предавање и учење е сосема ирелевантно. Тој тест не може да издржи ни најмала научна критика и според тоа нема никаква основа да постои. Во таа смисла станува јасно дека и казните и наградите се само инструмент за негацијата на еден долгорочен, тежок и благороден процес. Да се потцени професионализмот, да се оцени подобноста во тој професионализам преку екстерен тест кој не е знаење, туку еден вид руски рулет, еден вид лотарија, значи навредување и потценување на професијата. Според тоа, и казните и наградите се бесмислени – се наведува во нивното соопштение.