Вулнет Селими – новиот директор на Здравствен дом – Скопје најави санкции затоа што се пуштала прегласна музика во поликлиниката во скопско Драчево.
Селими за сето ова имаше објава на Фејсбук.
-По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на поликлиниката, што и според него, е над нормалното“ напиша Селими на Фејсбук.
Потенцира дека за овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на поликлиниката и против дежурниот лекар, одговорен на денот кога се случила оваа сцена.
„Ваквите сцени не можат да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош“ – порача Селими.