Денеска повторно беше одложено гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации за резолуција со која се бара прекин на огнот и испорака на помош за Појасот Газа.
САД, нивните сојузници и арапските држави се вклучија во дипломатија на високо ниво за да избегнат Америка да стави вето на друга резолуција на ОН за помош за Газа.
Заменик американскиот амбасадор Роберт Вуд им рече на новинарите дека се уште работи напорно за да го измени текстот на резолуцијата за да биде прифатлив.
Се уште не е закажано ново гласање, а дипломатите објавија дека Русија вечерва поканила 15 членови на Советот на затворени консултации.
САД сакаат делови од текстот на резолуцијата кои повикуваат на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас, но клучната точка е проверката на камионите со помош кои влегуваат во Газа за да се осигураат дека тие носат само хуманитарна стока.