Денеска пред зградата на Народото Собрание во Софија најавени се пет протести против бугарската Влада на премиерот Кирил Петков, по повод денешната расправа за гласањето недоверба на владата што минатата недела ја поднесе ГЕРБ.
Станува збор за протести на движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород”, партијата ВМРО-БНД , здружението „Толерантност” и национално движење „Хан Кубрат”.
Повод за побараното гласање недоверба е политиката на Петков кон Северна Македонија, која овие партии ја сметаат за предавничка.
Полицијата ќе ги оддели демонстрантите, а пред јужниот дел на зградата на Народното собрание ќе бидат противниците на бугарската Влада, а од северниот дел ќе протестиреаат неговите поддржувачи.
Бугарското Министерство за внатрешни работи ги почнало проверките за индициите за насилство, кое може да се очекува на протестите денеска и утре.
Министерот Бојко Рашков, изјави дека полицијата почнала да спроведува информативни разговори со организаторите на протестите за кои на социјалните мрежи има сведоштва дека може да предизвикаат насилство.
По завршувањето на ризичната дебата на гласање недоверба на владата поддржувачите на бугарската Влада по 18 часот ќе одржат митинг за нејзина поддршка, а се очекува на него да зборуваат премиерот Кирил Петков, како и министри од владеачката коалиција и најголемата партија „Промените продолжуваат”.