Глас за Македонија бара отворање на сите кутии, повторно пребројување на гласовите и вештачење на неважечките ливчиња.
Од таму велат дека овој изборен процес е најскандалозниот во изборната историја и се сомневат дека хакерскиот напад на софтверот во ДИК е нарачан.
„Избори речиси без набљудувачи, без видливо присуство на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, присуство само на набљудувачи од СДС и ДПМНЕ на повеќето гласачки места. ДИК не ги објави на време изборните резултати. Врв на се, е синхронизираниот и скап, хакерски напад на софтверот во ДИК за кој имаме сомневање дека е нарачан. Крајно сомнителна е и набавката на нов софтвер од ДУНА пред само една недела, имајќи целосно функционален софтвер од 2006 година. Колкава е големината на овој фалсификат, доказ е што во чисти македонски средини, поддршката отиде кај албанските партии. Обратното не се случува. Во ваква ситуација, опозицијата треба прва да повика на поништување на изборите. Но, таа молчи и се расправа за неколку мандати“, велат од партијата.