Сали до Таравари: Неприфатливо е потфрлувањето на актуелниот министер да обезбеди лекови и недостатокот на емпатија кон пациентите

by Fokus

Време е Министерството за здравство да преземе одговорност, да ги слушне потребите на граѓаните, да ја подобри комуникацијата и да работи кон вистински решенија, пишува поранешниот министер за здравство Беким Сали во  соопштението до јавноста.

Тој вели дека за ова обраќање до јавноста бил инспириран од јавните настапи на неговиот колега Арбен Таравари, кој во времето кога тој бил министер изразувал загриженост за неговата работа во ресорот здравство.

„Инспириран од јавните настапи на мојот драг пријател Арбен Таравари, кој во времето кога бев министер за здравство изразуваше загриженост за мојата работа во ресорот здравство, сакам само накратко да видиме каква е состојбата денес во овој ресор. Најпрво му посакувам успех во новата задача што си ја даде себеси, посредник кој ќе ги помири Еди Рама и Албин Курти“, пишува Сали во соопштението до јавноста.

Тој вели дека како поранешен министер за здравство на Северна Македонија, има длабоко чувство на одговорност кон благосостојбата на граѓаните и унапредувањето на здравствениот систем.

„Во времето на мојот мандат, за прв пат успешно го обезбедивме револуционерниот лек Трикафта на пациентите со цистична фиброза, давајќи им приоритет на здравјето и благосостојбата на нашите сограѓани. Обесхрабрувачки е да се види занемарувањето и рамнодушноста кон пациентите кои страдаат од цистична фиброза. Уште пообесхрабрувачки е да се слушне дека на пациентите им се ускратува третманот што го заслужуваат, а вознемирувачки е да се слушне навредливиот јазик што се користи од типот на „шоумените “ со што се покажува целосен недостаток на емпатија и разбирање. Едноставно е неприфатливо потфрлувањето на актуелниот министер да ги обезбеди потребните лекови за овие лица и начинот на комуникација со нив“, пишува Сали.

Сали потоа во соопштението до јавноста наведува што се е сработено доедка тој бил министер за здравство.

За време на мојот мандат за првпат беа отворени 8 специјалистички студии на Медицинскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Денес нема нови нови специјалистички студии. Во времето кога јас бев министер за здравство, успешно обезбедивме приближно 14 милиони евра инвестиции, овозможувајќи опремување со современа опрема на болничките капацитети од градот Кавадарци па се до Струга. Само во Клиничката болница во Тетово се инвестирани 3,5 милиони евра опрема“, пишува Сали и прашува зошто денес нема инвестиции во оваа болница и дали чувствуваат загрижени што директорот на тетовската болница денес поднесе оставка.

„Да не ги заборавиме и државните универзитетски клиники кои се исправени пред многу предизвици. Вознемирувачки е да се види недостатокот на стратегија или дури и план за решавање на овие проблеми“, пишува Сали.

Тој појаснува дека со оваа реакција нема цел да го дискредитираат или минираат актуелниот министер за здравство, туку да ги расветлат областите каде што може колективно да се подобри развојот на здравствениот систем.

„ Очекуваме транспарентност, отчетност и итна акција за подобрување на овие прашања. Заедно, да се заложиме за здравствен систем кој вистински приоритет ќе овозможува благосостојбата на граѓаните“, изјави Сали.

Поврзани новости