Сојуз на синдикати: Бараме платите на функционерите да се пресметуваат по иста основа како на работниците

by Fokus

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе предлог до Собранието да се намалат платите на функционерите. Од синдикатот предлагаат порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи и без дискриминација.

„Скоро сите вработени во јавниот сектор како основа ја имаат минималната плата, а не просечната.  Просечната плата ја имаат само функционерите. Она што го бараме и што го договоривме во општиот колективен договор е да таа просечна плата како пресметковна основа да почне да важи од март 2025 година, а сега бараме до истиот период и за функционерите да важи минималната плата. А кога пресметковната вредност како просечна плата ќе важи за работниците да важи и за функционерите. Енормно е зголемувањето од 78 проценти и бурно реагиравме веднаш што се донесе“, изјави Трпе Деновски, претседател на  синдикатот на УПОЗ.

Поврзани новости