636
Фатмир Меџити како министер за здравство, Кренар Лога како министер за правда, Азир Алиу како министер за информатичко општество и администрација (сите тројца од Алијанса за Албанците) и Каја Шукова од СДСМ како министерка за животна средина и просторно планирање се новите членови на владиниот кабинет.
Четворицата беа избрани доцна вечерва во македонското собрание, на седница која беше посветена на реконструкција на владата.
Од 114 присутни пратеници, „за“ Шукова, Лога и Меџити гласаа 65, додека Алиу мина со 64 гласа „за“.
Фото: Миа