495
Пред некоку дена излезе видео запис со песна „Излези ЗА европска Македонија“, кое беше дочекано со лавина реакции и коментари од јавноста во Македонија.
Еден од музичарите кои се појавуваат во виде-записот е и Сашко Гигов-Гиш, кој во изјава за „Независен“, порача дека иднината на Македонија ја гледа во Европа и неговото појавување нема политичка заднина.
„Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен – Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција“, истакна Гиш.