669
Амбасадорот на Европската унија во Скопје, Дејвид Гир изрази жалење по поразот на Македонија од Португалија во финалето за пласман на ПС 2022 во Катар.
„Жал ми е што Македонија испаѓа по добриот натпревар во финалето за пласман на СП. Тимот сигурно ќе се врати“, напиша тој на својот Твитер-налог.
Македонија вечерва доживеа пораз од 2-0 од Португалија, но покажа храбра игра која ветува убави времиња за репрезентативниот фудбал.