412
Европската политичка заедница не е никаква замена за процесот на проширување, ниту за пристапниот процес на вашата земја. Вашиот пат кон ЕУ е веќе многу јасен, објаснет на многу детален начин и вие сте веќе на тој пат на којшто сите чекори се многу добро етаблирани.
Европската политичка заедница и состанокот којшто ќе се одржи утре е начин на којшто ЕУ оддава признание и треба да придонесе за заедничко справување со важни актуелните предизвици, изјави денеска во Кавадарци шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир.