Гир: Со уставните измени нема да има можност за вето за премин во втората фаза

by fokus

Уставните измени и нивното спроведување се од голема важност за земјава кога станува збор за продолжување на европскиот пат. Доколку тие се спроведат, тогаш следниот чекор ќе се случи автоматски, без можност за вето и дополнителни одлуки, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за МИА. Следниот чекор во процесот е втората меѓувладина конференција и преминување кон отворање на поглавјата.

Тој додава дека иако во земјава, голем број од политичките партии јавно кажуваат дека се посветени на трасирање на европскиот пат за С Македонија, сепак во пракса се забележува поинава слика. Како пример го даде законодавството, чија реформа е една од најважните точки за понатамошен напредок на земјава, таму вели – Европската унија не гледа практична соработка.

-Во С. Македонија има голема полазирација меѓу политичките партии. Иако речиси сите политички партии јавно и отворено кажуваат дека се посветени на евроинтеграцискиот пат на земјава, во реалноста, доколку го видиме законодавството, можеме да кажеме дека таа соработка и посветеност, не ја гледаме, вели меѓудругото евроамбасадорот.

 

Поврзани новости