Гир се налути за насилствата на протестите

by Fokus

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ги осуди синоќешните насилства за време на протестите во Скопје против францускиот предлог, порачувајќи дека за такви сцени нема место во демократските општества.

-Ги осудувам синоќешните сцени на насилство против полицијата во Скопје, која ги извршуваше своите задачи. За такви сцени нема место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност, порача Гир, преку неговиот Твитер профил.

Поврзани новости