Гир очекува Агенцијата да ги испорача препораките на ОЛАФ за злоупотребените 2,2 милиони евра

by fokus

Амбасадорот на Европската унија во земјава, Дејвид Гир не ги коментира одлуките на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами која бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“, но очекува Националната агенција да ги испорача препораките на ОЛАФ.

– Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука во Република Северна Македонија да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир.

Наместо за фризерниците и тренирањето на магариња, за што јавно беше линчувана поранешната директорка на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Лидија Димова, ОЛАФ бара државата да врати 2,2 милиони евра злоупотребени европски пари за случајот за кој токму таа поднесе кривична пријава.

Дека Македонија ќе треба да врати 2,2 милиони евра во серија текстови обелодени новинарот-фриленсер кој е соработник на порталот нота.мк, Александар Методијев, пари кои биле наменети за проекти во Македонија, а биле злоупотребени.

Вчера на прес -конференција директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски потврди дека во ноември биле информирани дека постојат неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија.

Ѓорѓиевски рече дека не може да соопшти повеќе детали, бидејќи предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражната постапка.

Тој ичекува оваа или следната недела да ни стигне дебитното за исплаќање на средствата и ќе имаме рок од 30 до 45 дена да ги вратиме средствата, а после тоа се пресметува камата на тие средства.

Поврзани новости