Гир не сака да ги коментира изјавите на Ковачевски и Ахмети за телевизиите

by Fokus

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и камен темелник на демократијата. Гир, кој денеска заедно со амбасадори од други земји членки на ЕУ е во посета на Охрид, не сакаше да го коментира кратењето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), поради што се преземени низа мерки, меѓу кои и затворање на дописничките места во странство, како и изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дадени за две телевизии.

– Нема да ги коментирам различните изјави на политичари и лидери, но дозволете ми да кажам дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и нешто што одблиску го следиме. Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата затоа што води сметка и осигурува дека граѓаните се добро информирани и можат да носат добро информирани одлуки. Тоа значи дека од една страна медиумите се задолжени да направат таков тип на веродостојни и точни информации и треба да се стремат кон највисоките професионални стандарди, и од друга страна е важно слободата на медиумите да биде зачувана и да биде заштитена од влијанија и вмешувања и од каква било други дејствија кои може да ги натераат новинарите на автоцензура или да се плашат од нешто, рече Гир.

Поврзани новости