Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска рече дека има многу силна поддршка за европската иднина на земјава изразувајќи надеж дека државава ќе се придвижи напред со усвојување на уставните измени и спроведување на реформите.
Тој одговарајќи на новинарски прашања рече дека следните чекори на евроинтеграцискиот пат се одлуки што треба да ги донесат политичките чинители во земјава, а не Советот на Европската унија или земјите членки на ЕУ.
– Има многу силна поддршка за европската индина на Република Северна Македонија и од институциите на ЕУ, но исто така и од земјите членки на ЕУ. Како што знаете со последната одлука што беше донесена во јули 2022 година имаше еден европски предлог што беше усогласен и всушност беше можност за отворање на пристапните преговори со вашата земја. Од друга страна, ова беше можност земјата да се придвижи напред и се разбира за да се придвижи треба да се усвојат уставните измени. Навистина искрено се надеваме дека земјата ќе може да се придвижи напред со усвојување на уставните измени, исто и со спроведување на реформите што всушност се дел на европскиот интегративен пат на вашата земја. Што се однесува на следните чекори, се разбира дека тие се одлуки коишто треба да се носат од страна на вашата земја, на политичките чинители, не е на Советот на ЕУ, ниту од земјите членки на ЕУ, изјави Гир во Скопје.