Гир има високи надежи дека Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ

by fokus

Имаме високи надежи дека конечно ќе почнат преговорите на Европската унија со Албанија и Северна Македонија и тоа уште во текот на француското претседателство со ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир на конференцијата „Бугарски гласови за Европа“, што се одржа во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје.

Гир пред учесниците во конференцијата, која е дел од дебатите на Конференцијата за иднината на Европа, нагласи дека институциите на ЕУ се цврсто посветени на унапредување на процесот на проширување со земјите од  Западен Балкан и истакна дека исклучително ги ценат напорите што ги направиле сите страни за придвижување на овој процес.

– Успехот е во интерес и на оваа земја, на Албанија, а секако и на поширокиот регион и на самата ЕУ, нагласи Гир.

Говорејќи за Конференцијата за иднината на Европа, Гир напомена дека во неа се вклучени и граѓаните во Северна Македоија. Потсети дека делегацијата на ЕУ организирала шест дебати на оваа тема, со фокус на младите луѓе.

– Западен Балкан е Европа, Западен Балкан природно и припаѓа на Европа и уверени сме дека во наш заеднички интерес е да го продолжиме процесот на проширување без натамошни одложувања. Тоа не е само геостратешки приоритет за партнерите во регионот, туку и наш приоритет не само поради војната, туку и поради притисокот кој го гледате во контекст на таа војна и поради долгите историски социјални и економски врски кои не поврзуваат, нагласи евроамбасадорот.

Гир напомена дека е мошне важно да се запаметат корените на ЕУ, од каде се почнало, од каде доаѓаат, додавајќи дека е мошне лесно да се запостават достигнувањата на Унијата – мирот, просперитетот, единствениот пазар, демократските врдности и почитување на различностите, како и самиот процес на проширување.

Поврзани новости