Гинцбург: Спутник В е ефикасна против различните соеви корона вирус

by Fokus

Руската вакцина „Спутник В“ е ефикасна против британските, јужноафриканските и бразилските соеви на Ковид-19, изјави денеска директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеј“, Александар Гинцбург.

„Во однос на соевите за кои денес се дискутира, како што се британските, јужноафриканските и бразилските соеви … можеме со сигурност да кажеме дека Спутник В обезбедува заштита од добро познати соеви кои во моментот се во оптек и имаат епидемиолошки потенцијал“, рече Гинцбург за рускиот ТВ канал Еден.

Поврзани новости