Елена Гиновска од Државен завод за статистика во Студио 10 на ТВ 24 ги повика сите кои сакаат да се пријават за теренски попишувачи, условот е да бидат полнолетни, со средно образование и невработени и да имаат познавање од компјутер.
„Годинава за првпат пописот ќе се спроведува со користење на лаптопи. Попишувачите прво ќе поминат тестирање и оние кои ќе бидат избрани ќе поминат неколкудневна обука за работа на апликацијата. Очекуваме во најскоро време да се пополни број неопходен за попишувачите.“ – рече Гиновска.
Кога станува збор за попис во време на пандемија, таа истакна дека ќе бидат преземени сите мерки со цел безбедно спроведување на пописот.
„Подготвен е протокол со Комисијата за заразни болести, истиот е одобрен од комисијата и Владата. Секој попишувач ќе биде задолжен со маска, обезбеден од Заводот. При влегување во домаќинството, попишувачот носи маска и ќе ги замоли граѓаните каде попишува да носат маски и ќе држат растојание. Потенцираше дека доколку во станот или куќата нема никој попишувачот ќе остави белешка кога повторно ќе дојде. Граѓаните да не се плашат од попишувачите, тие не се нивни непријатели“, истакна Гиновска.