Стогодишен Бразилец од јужниот град Бруске влезе во Гинисовата книга на рекордите, бидејќи најдолго работи во иста компанија, дури 84 години.
И покрај извонредното остварување, Валтер Ортман, на оние коишто бараат долготрајно работно место кое ќе ги исполни, советува: „работете го она што го сакате и избегнувајте брза храна“.
-Мора да сакате да работите. Јас се вработив полн со волја и борбен дух. Не можете да работите секаква работа за да можете да кажете дека сте вработени. Тоа не функционира. Нема да издржите – вели овој стогодишник.
Бразилските медиуми пишуваат дека Ортман во „RenauxView“, компанија за производство на ткаенини, прво работел на производствена линија, за потоа да биде преместен во администрацијата и станал директор за продажба.