Гинекологија деновиве ќе добие брзи ПЦР тестови, слободни кревети засега има

by Frosina Fakova

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска денеска разговарала со министерот за здравство, Венко Филипче кој и најавил дека деновиве Клиниката ќе добие брзи ПЦР тестови со кои ќе имаат резултати за четириесетина минути. Со ова нема да има потреба родилките да се држат во самоизолација.

Во ковид центарот на Гинекологија, како што рече Јовановска на „Топ тема“, има 20 слободни кревети, а сега се зафатени 11, 12 родилки. За девет од нив се чекаат резулати од тестовите дали се позитивни на ковид-19, а една е веќе потврдена позитивна.

Вели дека во Клиниката досега биле породени 20 родилки позитивни на ковид-19. Од персоналот на Клиниката, четворица биле позитивни, а четворица се во изолација.

Таа апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и вели дека персоналот на Клиниката е преморен, но и револтиран. -Додека тие си ги немаат видено семејствата, некои прават семејни веселби, вели Јовановска.

Поврзани новости