846
Гимназија НОВА од Скопје информира дека од утре до 24 март нема да одржува настава во објектот, туку ќе биде преку интернет, како превенција од коронавирусот.
Гимназија НОВА од Скопје информира дека од утре до 24 март нема да одржува настава во објектот, туку ќе биде преку интернет, како превенција од коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека ги зеле предвид научните факти дека симптомите на коронавирусот се развиваат по пет дена и дека преносители можат да бидат и оние што немаат симптоми.
„Во вакви околности ние како училиште имаме важна улога во спречувањето на ширење на вирусот. Ќе ги следиме и дополнителните упатства за училиштата од Владата и ќе го продолжиме периодот за прекин на наставата во согласност со идните препораки“, стои во нивното соопштение.
Во меѓувреме, најавуваат дека наставата ќе ја продолжат онлајн.
Затворање на сите училишта, градинки и факултети денеска предложи Комисијата за заразни болести, а владината седница на која се одлучува по предлогот е во тек.