Ѓилас до Меркел: Земи го сега Вучиќ со тебе

by fokus

Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, и порача денеска на германската канцеларка Ангела Меркел, дека би било фер сега кога ја напушта политиката, со себе да го земе и Александар Вучиќ бидејќи го донесе на власт и постојано го одржува на власт“, објави агенцијата Бета.

– Меркел е историска фигура, која означи една епоха на Германија и Европа. Многу работи ќе останат зад неа, но како наследство ќе останат и Орбан, Јанша и Вучиќ. Со нејзина поддршка тој дојде на власт, таа го доведе на власт, изјави Ѓилас пред зградата на Претседателството на Србија, каде им се обрати на новинарите во врска со противтужбата поднесена против него од претседателот Вучиќ.

Поврзани новости