Пред малку кај фонтаната во Градски парк започна средношколскиот собир кој преку протестен марш ќе заврши пред Министерството за образование. Учениците пристигнуваат полека во групи, но сите без искучок се жалат дека имаат притисоци од директорите и наставниците. Како карактеристичен пример го посочуваат однесувањето на кадарот во гимназијата „Јосип Броз Тито“ каде учениците биле заклучувани по училници и им биле одземени телефоните.
Не само во таа гимназија, туку насекаде се прават обиди за замолчување на учениците и нивно неприсуство на протестите. Како и да е, многумината кои се охрабрија и кои имаа можност да дојдат се тука, па тие во името на сите средношколци ќе ја испратат пораката. Забележително е дека на учениците им се придружуваат граѓани и невладини организации.