Ги убила своите пет деца, па побарала евтаназија, по 16 години судот и го одобрил барањето

by Fokus

Женевив Лермит, која ги уби своите пет деца во случајот што ја шокираше Белгија пред 16 години, беше евтаназирана на сопствено барање.

Во 2007 година со кујнски нож во својот дом во градот Нивел ги пресече грлата на синот и четирите ќерки, на возраст од 3 до 14 години, додека нивниот татко бил кај своите родители во Мароко.

По убиствата се обидела да си го одземе животот, но не успеала, па повикала брза помош.

Во 2008 година е осудена на доживотен затвор, а во 2019 година е префрлена во психијатриска болница.

Нејзиниот адвокат Николас Коен потврди за АФП дека Женевив Лермит почина на 56-годишна возраст со евтаназија, во вторникот, на 28 февруари, точно на 16-годишнината од убиството на децата, пренесува „france24.com“.

Белгискиот закон им дозволува на луѓето да изберат да бидат еутаназирани ако се смета дека страдаат од „неподносливо“ психичко страдање кое не може да се излечи.

Човекот мора да биде свесен за својата одлука и да ја изрази својата желба на разумен и доследен начин.

Минатата година, речиси 3.000 луѓе починаа од евтаназија во Белгија, што е за 10 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

 

Поврзани новости