Ги убил родителите и двајца нивни пријатели, па тргнал во крвав поход

by Fokus

Џозеф Итон (34) во американската сојузна држава Мејн во вторникот ги убил своите родители и нивни двајца пријатели, а потоа го продолжил крвавиот поход на автопатот во таа држава, каде што застрелал уште три непознати лица.

Неговите родители живееле во Флорида, северно од Орландо. Властите соопштија дека Итон признал и дека пукал на автопатот, при што биле повредени три лица.

Повеќекратното убиство се случило четири дена откако бил пуштен од затвор поради насилство, соопшти полицијата.

Вооружениот напаѓач ќе го има своето прво појавување на суд оваа недела. Тој беше обвинет по четири обвиненија.

Во текот на последната деценија, Итон е обвинет за неколку кривични дела, пишуваат американските медиуми.

Во застрашувачко видео што го објавил ден пред убиството, може да се слушне како бара од луѓето да му простат. Покрај тоа, тој открива како страда од траума пради злоупотреба.

– Злоупотребата може да уништи личност. Само би сакал луѓето да ми простат – рече тој, без да каже од кого бара прошка.

Поврзани новости