368
Причина за вчерашното двојно убиство во Гевгелија се нарушени меѓусебни односи меѓу двајца браќа, соопшти денеска Основното јавно обвинителство.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место. Според првичните информации, мотивот за двојното убиство се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа. Сторителот е лишен од слобода и во текот на денот ќе следи постапка, велат од ОЈО.
Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вчера ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62) пред влез од куќа во Гевгелија, кои починале на местото на настанот.