471
Двајца скопјани биле физички нападнати од три лица на улицата „Партизанска“, откако претходно се скарале во продавница за алиштата, каде нападнатите работеле како обезбедување, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 22.10 часот во Скопје на раскрсницата на булевар „Партизански Одреди“ со улица „Љубљанска“ Љ.Г.(34) и П.М.(29) од Скопје, биле физички нападнати од три лица. Тие со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни повреди. Причина за нападот била претходна расправија во продавница за алишта, каде оштетените работат како обезбедување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.