Ве чекам во Скопје на 26-ти март, порача српскиот пејач Ацо Пејовиќ, најавувајќи го својот концерт во Арена Борис Трајковски, за кој веќе се пуштени влезниците во продажба. Нивната цена е 600 денари, а организатор на концертот е Балкан Медиа.
Пејовиќ, кој на сцената е присутен со децении наназад, периодов е актуелен со играниот филм ,,Тома” каде ги отпеа сите песни. Нумерата ,,Полноќ” пак, која била снимена специјално за потребите на филмот, за кратко време стана хит кој се врти во етерот насекаде во регионот.
Пејовиќ е редовен гостин во соседна Србија, а во Македонија последен пат гостуваше лани во август, во Битола.
Приватно, оженет е со Билјана со која има три ќерки, Марија, Магдалена и Ива, за кои често изјавува дека се неговата гордост.
Вики Клинчарова