Ги омаловажувате ликот и делото на глумците кои починаа, вели внукот на Стефановски

by Fokus

Семејството на Ристо Стефановски, легендарниот театролог кој од основањето, 26 години беше директор на Драмски театар, објави дека нема да присуствува на настанот што место комеморација го најави Драмски за утре напладне.

Игор Стефановски, внук на Ристо и син на Горан, на Фејсбук објави дека нема да присуствуваат на настанот оти сметаат дека „комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку мора да има“.

„Друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци.

Лесна им земја на сите – легенди“, вели Игор и највува дека наскоро сепак ќе има комеморација и дека „на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто… бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на македонскиот театар без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?“.

Стефановски, кој почина на 22 март на 94 години, беше директор на Драмски од основањето во 1957 до 1983.

Поврзани новости