Ги охрабрувам судиите да ги пријават сите притисоци, вели Георгиев

by fokus

Податокот дека ниту судиите не веруваат во судскиот систем е алармантен, вели претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев.

-Лично јас бев присутен на оваа трибина. Го слушав тоа. Тоа било за 2022 година. Тука беше наведено дека за некои влијанија од претседатели на судови, од повисоки судови, па и од членови. Сето ова е за мене податок на кој му давам значење.

Ги охрабрувам и повикувам судиите, кои биле анкетирани, пријавиле анонимно дека имале влијанија и притисоци од членови на Судски совет, претседатели на судови, слободно нека пријават. Како порака до колегите судии – ги охрабрувам дека таквата состојба е алармантна, се согласувам. И ако ја чувствуваат, има Обвинителство, слободно нека пријават, рече Георгиев.

Најголем дел од 212 испитани судии и 83 обвинители, кои одговарале на анонимни прашалници од Мисијата на ОБСЕ со недоверба гледале кон Судскиот совет.

Поврзани новости