400
МВР информира дека денеска во 00.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(44) од Скопско, затоа што во домот физички ги нападнал неговата брачна партнерка и нејзиниот 18-годишен син, а потоа и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.