Ги изгубив ќерката и зетот, не знаеме каде се

by fokus

Жителот на скопско Количани, Асим Селмани денеска соопшти дека во вчерашната сообраќајна несреќа во Бугарија ги изгубил ќерката и зетот.

Тој додава дека пристигнале во Бугарија за идентификација на телата на загинатите, но се уште немаат информации за тоа каде се.

„Кај треба да ги чекаме ни ние не знаеме. Имаме информација дека не се тука. Само тие починатите каде се однесени не знаеме, чекаме министерот Бујар Османи да дојде да ни каже информации“, рече Селмани.

ТВ 21

Поврзани новости