Ги бараме најдобрите млади и искусни луѓе, вели Николовски кој ќе ангажира десет нови луѓе во неговиот Кабинет

by fokus

Ги бараме најдобрите, најдобрите млади, но и искусни луѓе, кои имаат кредибилитет, имаат капацитет, кои ги имаат сите вештини, компетенции, кои се целосно растоварени, кои сакаат заеднички со нас најнеселективно и најодговорно да се зафатиме со работа и да одработиме и да ја вратиме довербата на граѓаните, на младите во институциите и да се избориме против ова зло, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање за ангажирањето десет нови луѓе во неговиот кабинет.

Тој истакна дека неговиот кабинет во Владата не е паралелен систем, ниту пак тој води ресор, туку има само координативна улога на институциите и се исклучително мал тим од кој граѓаните имаа големи очекувања.

– Овој тим го донесе Планот за борба против корупцијата со 18 системски мерки и политики за кој ќе правиме постојан притисок врз институциите во рамки на роковите да ги имплементираат обврските. Планот за борба против корупцијата е правен на база на сите меѓународни извештаи, пред се Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија од страна на ЕК, извештаите што ги имаме од САД, од „Транапаренси“. За креирање на тој план отворивме широк фронт со невладините организации, регулаторните тела и сите останати, новинарите, медиумите, буквално сѐ што сметавме дека е битно и значајно во оваа битка, бидејќи е генерациска и е историска и неа не можеме сами да ја добиеме, подвлече вицепремиерот Николовски по средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Поврзани новости