Двајца загинати во несреќа на Дунав во близина на Белград

by Fokus

Синоќа околу 21:30 часот на Дунав во белградската населба Гроцка се случила сообраќајна несреќа во која две лица загинале, а три се повредени.

Медиумите прво објавиле дека глисерот со кој управувал И.Ј. изгубил контрола и удрил во шлеп. Меѓутоа, по истрагата било утврдено дека пловилото не дошло во допир со шлепот, туку дека удрило во нешто друго, пишува Телеграф.

„Телата на загинатите се извлечени од Дунав и испратени на обдукција. Потоа ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол или опијати. Ќе има и разговор со тројцата повредени кои се во болница“, изјави за Телеграф близок извор.

Според првичните информации, маж и жена загинале на местото на настанот, а три лица се тешко повредени. Од РТС наведуваат дека повредените се пренесени во ВМА, а според д-р Ранко Раичевиќ се надвор од животна опасност. Како што дознава Телеграф, на глисерот имало пет лица.

Поврзани новости