951
Диме Велковски е единствениот пратеник од СДСМ кој денеска не гласаше за прифаќање на заклучоците за францускиот предлог за почеток на преговори на земјава со ЕУ, а кој беше усвоен со 68 гласа „за“.
Велковски е пратеник од СДСМ, дооаѓа од Кавадарци и е човек со долга километража во партијата.
Поддршка за францускиот предлог денеска не даде ниту лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов, чија партија соопшти дека пратеникот воопшто не учествувал во гласањето.
Како што претходно најави, за предлогот не гласаше и Маја Морачанин од ДОМ, партија која исто така е дел од владејачкото мнозинство во Собранието. Меѓу пратениците кои гласаа за предлогот го нема ниту Зијадин Села од Алијанса за Албанците.