Синот го освести Курц дека е убаво надвор од политика

by Фокус

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц денеска потврди дека се повлекува од политиката. Тој изјави дека моментот кога решил да го стори тоа е неодамнешното раѓање на неговиот син.

-Во последните десет години моето семејство беше особено запоставено. Кога се роди мојот син, сфатив колку убави работи има надвор од политиката – изјави Курц.

Тој додаде дека како канцалар изминативе години донел многу добри ,но и многу погрешни одлуки.

-Како федерален канцелар, треба да донесете толку многу одлуки што веќе наутро знаете дека ќе донесете некои погрешни одлуки. Секогаш сте под контрола. Донесов погрешни одлуки. Често живеев според моите стандарди. Јас не сум ниту светец, ниту криминалец – рече Курц.

Курц до денес ја предводеше Австриската народна партија. Тој претходно беше канцелар на Австрија, но вториот мандат го заврши со оставка на 9 октомври годинава, откако Обвинителството и неколку членови на владејачката Австриска народна партија покренаа истрага за проневера и корупција.

Курц на функцијата го наследи канцеларот Александар Шаленберг, а засега не се знае кој ќе биде негов наследник на престедателската функција во ОВП.

„Короне“ пишува дека на таа функција би можел да дојде и министерот за внатрешни работи Карл Нечамер (49), но се споменува и министерката Каролин Едштадлер.

Поврзани новости