Груевски призна дека тајно го снимал Камчев

by fokus

Ако ги прифати судот разговорите на меѓу поранешниот премиер, Никола Груевски и Орце Камчев, тогаш и обвинителелството бара судот да ги прифати како доказ јавно обвјавените разговори каде Груевски кажува дека нашол „земјише за џабал`к“, побара обвинителката во случајот „Плацеви на Водно“, Лиле Стефанова на денешното рочиште.

Адвокатите на Камчев ја поддржаа обвинителката, а адвокатот на Груевски приложи до судот вештачење дека снимките се автентични и кажа дека се законски прибавени. Адвокатот призна дека разговорот бил сниман со приватен мобилен телефон и дека снимките ги направил Груевски.

Судот одби новообјавените снимки да ги прифати како докази во постапката.

Викендов беа објавени телефонски разговори меѓу Груевски и Камчев во кои двајцата разговараат за случајот „Плацеви на Водно“ односно што кажал Камчев во исказот пред обвинителството.

Камчев е меѓу обвинетите, бидејќи, според обвинителството, преку купопродажба учествувал во затскривање на трагите дека овој имот всушност е на Груевски. На последните рочишта, Камчев призна дека плацевите биле на Груевски, кој, според Камчев, потоа постигнал договор да ги трампа за 3 ексклузивни станови во комплексот Панорама.

Но, во објавените разговори Камчев му говори на Груевски за исказот што го дал пред обвинителството, истакнувајќи дека рекол оти Груевски немал никаква врска со нив.

 

Поврзани новости