Во дел од светските медиуми и портали се шири снимка на која 19-годишната Наама Леви е удирана во џип во Газа, со врзани раце зад грб, а нејзината сива тренерка била облеана во крв. Вака западните медиуми пишуваат за девојката која има потекло од Македонија.
Според ВОА на македонски јазик, девојката била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата ја пренела Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.
„Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Има докази и видео од нејзе“, изјавила професорката Друмер.
Тинејџерката е само една од многуте заложници кои беа оттргнати од нивните домови на 7-ми октомври. Според информациите, таа е мировна активистка, посветена на израелско-палестинскиот дијалог.
На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од девојката, на кое се гледа дека била малтретирана. Преку видеото се бара помош за нејзино ослободување. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло.
Trigger warning: Hamas terrorists kidnapped an Israeli young woman earlier today.
Hamas = Isis.
Same ideology, different names.
The footage coming out of southern Israel makes this absolutely clear. pic.twitter.com/DV1buYx2Br
— Israel ישראל 🇮🇱 (@Israel) October 7, 2023