532
Шест лица загинаа, а 30 се повредени во верижен судар во кој учествувале десетина возила на автопат во американската сојузна држава Илиноис.
Помеѓу 40 и 60 автомобили и околу 20 комерцијални возила, вклучително и бројни камиони со приколки, учествуваа во сообраќајна несреќа на меѓудржавниот автопат 55 во понеделникот попладне, изјави полициски претставник.
Околу триесет повредени лица се пренесени во локалните болници, а неколку лица починале, рече официјалниот претставник.
Како што нагласи полицијата, проблемот го предизвикал силен ветер кој од земјоделските ниви дувал кал на автопатот, што резултирало со нулта видливост. Тој дел од автопатот неколку часа бил затворен во двата правци.