620
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков денеска имаше средба со Миле Ангелков, командирот на гевгелиската полициска станица на која и донираше компјутер и печатар за обавување на секојдневните работни задачи.
На средбата била нагласена потребата од редовна и добра соработка на локалната самоуправа и полициската станица пред се на полето за заштита на граѓаните и нивниот имот и обезбедување на постојана сигурност на граѓаните и покрај тоа што Гевгелија важи за мирен град.
Командирот Ангелков информираше дека празничните денови во Гевгелија минале во мирна атмосфера, но нагласи дека заради поголема сигурност и обезбедување на поголема комуникација со граѓаните потребна е поголема покриеност на општината од страна на полициската станица.