Гевгеличанка загина во сообраќајна несреќа

by Fokus

МВР информира дека вчера рано наутро во 07 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка с. Прдејци до клучка с. Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.

По наредба на обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Поврзани новости