547
Локален 56-годишен жител починал откако со своето возило удрил во друг паркиран автомобил на улица .„Моински пат“ во Гевгелија.
Гевгеличанецот управувал патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки и удрил во паркирано патничко возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки.
-На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, објави МВР.