Гешоска: Луѓето со заеднички и поинакви вредности и културен идентитет ќе се изборат против авторитаризмот

by Fokus

Одговорот на политичките процеси во светот, односно против вртењето кон авторитаризмот, кон екстремно десните идеологии, кон исклучување на другиот, Искра Гешоска, директорка и програмски уредник на КРИК – Фестивал за критичка култура и на Контрапункт, ги гледа во луѓето кои имаат сродни културни идентитети и тип на вредности.

„Кои се моделите на отпор и, би рекла, на артикулација и концетрација на гневот? Бидејќи ние, со сета љубов, имаме гнев во нас затоа што гледаме како се распаѓа планетата Земја и луѓето во неа. Луѓето се, за жал, виновни заа распаѓањето на планетата Земја.

Така што јас и понамату ја барам силата во луѓето овдека, но и во луѓето ширум светот коишто ни се сродни, бидејќи јас верувам во такви поврзувања. Не во национални идентитети, туку во културни идентитети, во друг тип на вредности коишто не поврзуваат, дека ќе го бараме заеднички моделот барем малку да се ублажи ова страдање кое што му се случува заради малкумина на светот“, посочува Гешоска во интервјуто за Рацин.мк.

Таа вели дека пополека се чувствува трошка, по трошка тоа повторно враќањето на таа артикулација на незадоволството или гневот.

„Има поединци, но сега е работата како да се организираме одново, бидејќи ние во ова општество, во изминатите 33 години постојано се организираме и реорганизираме и претпоставувам дека постои и мал замор, а ја немаме таа сила сето тоа од имплозија да се случи експлозија“, нагласува Гешоска.

Поврзани новости