Героски не доби „бањање“ пред Бихаќка, но доби уверување дека СДСМ не стои зад заканите

by fokus

Новинарот, Бранко Героски, денеска не доби „бањање“ во седиштето на СДСМ на Бихаќка, како што претходно му се заканија, туку уверување дека заканувачот не бил вработен во структурите на партијата, како што се претставувал. Героски од седиштето на СДСМ излезе заедно со портпаролот, Костадин Костадинов, по краток разговор во кој бил уверен дека СДСМ не стои зад заканите на поединци.

-Добив уверување дека СДСМ не стои зад ваквите закани на поединци. Ова е единствената писмена закана по серијата написи кои предизвикаа бура во јавноста. Не ги сметам настаните кои се дел од мојот секојдневен живот, како снимање зад грб. Се навикнав на тој тип на живот во поранешниот режим. Ова беше нешто друго поради тоа што морав да дојдам тука и да добијам елементарна информација– изјави Героски.

Портпаролот на СДСМ рече дека партијата се оградува и целосно ги осудува заканите кон новинари.

-Утрово дојде Героски и имавме конструктивен разговор во однос на заканите кои беа упатени до него. Како одговорна партија ние од СДСМ се оградуваме и најостро осудуваме било каков обид за спречување слободна мисла на говор. Наш принцип и вредност е да имаме слобоно изразување на говорот. Во разговор му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот од базата на членови ќе видиме дали станува збор за член и соодветно ќе реагираме. Тој се претставува како партиско безбедување а не е, ниту е некако ангажиран во партијата – рече Костадинов.

 

Поврзани новости