На прв поглед, Франција има подарежлив пензиски систем во споредба со Германија. Во 2023 година, старосната граница за пензионирање од 62 години беше укината. Две третини од Французите беа против тоа, што доведе до неколкунеделни понекогаш насилни протести низ целата земја – протести на жолтите елеци. Владата ја усвои реформата, повикувајќи се на посебен член од Уставот и без конечно гласање во Националното собрание.
„Најраната возраст за пензионирање во Франција е зголемена од 62 на 64 години. Меѓутоа, за да се добие целосна пензија, неопходно е да се плати придонеси за 42 или 43 години“, објаснува Фридерике Хофман, дописник на германскиот јавен сервис АРД од Париз. Не само што е зголемена старосната граница за пензионирање, туку и бројот на години потребни за уплата на придонеси во пензискиот фонд. Пред реформата беа потребни 41,5 години, а сега Французите ќе треба да работат 43 години за да остварат целосна пензија. Оние кои нема да го постигнат тоа ќе мора да го продолжат работниот век до 67 години, додава Хофман, пишува Дојче веле.
Во Германија, во 2007 година беше донесен Закон за прилагодување на возраста, кој предвидуваше постепено зголемување на старосната граница за пензионирање. За осигуреници родени 1964 година и подоцна границата е поместена на 67 години. За генерациите родени меѓу 1947 и 1963 година се предвидува преоден период со постепено зголемување на старосната граница за пензионирање.
За предвремено целосно пензионирање во Германија, треба да имате 45 години стаж. И тогаш веќе не е можно пензионирање на 63 години без намалување на сумата на пари, истакнува Кристијан Линднер од Лангебрик во Саксонија.
Просечната старосна пензија за мажи со најмалку 35 години осигурување била околу 1.800 евра во 2023 година. Жените можеле да сметаат во просек по 1.333 евра. На државно ниво, висината на старосната пензија по најмалку 35 години осигурување беше нешто повисока: 1.809 евра за мажи и 1.394 евра за жени.
Овој советник и експерт за пензии вели: „Законодавецот утврдил дека овие правила важат само за осигуреници родени пред 1953 година. За помлади старосната граница постепено се зголемува на 65 години“.
Според анализата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Германците се меѓу оние кои најдолго работат во ЕУ. Во 2022 година, просечната возраст за пензионирање беше близу 66 години.
Други земји на ЕУ:
Холандија и Данска: 67 години
Шпанија: 65 години
Австрија: мажи – 65 години, жени: 61 година
Франција и Италија: 64 години
Грција и Луксембург: 62 години
Во Хрватска, осигурениците имаат право на старосна пензија доколку имаат 65 години и имаат најмалку 15 години пензиски стаж. За жените, се применува преоден период од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2029 година, при што старосната граница е помала од 65 години. Во 2023 година беше 63 години и 3 месеци и секоја година се зголемува за три месеци. Просечната нето пензија е околу 500 евра.
Италија, исто така, ја зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години, но во пракса многумина се пензионираат на 62 години, често со целосни бенефиции. Различни исклучоци го овозможуваат ова, објаснува дописникот на АРД од Рим, Андреас Херц. „Политичарите сега сакаат да ги ограничат овие исклучоци. Се планира помладите генерации да работат до 71 година.
Италија издвојува најголем дел од својот државен буџет за пензиите во целата ЕУ.